| четврток, 6 декември 2018 |

Со обична алуминиумска фолија загрејте го станот како да имате уште еден радијатор

Овие два евтини и практични совети ќе ви помогнат уште повеќе да го затоплите својот дом, а за тоа да не плаќате дополнителни средства. Тие што го испробале овој метод тврдат дека во станот им е дотолку потопло, што се решиле дури и да исклучат еден од радијаторите.

Совет 1

На ѕидот зад радијаторот залепете  каков билорефлективен материјал, на пример алуминиумска фолија за домаќинство или фолија за заштита од сонце на ветробранското стакло на автомобилите. Радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, па топлината ќе престане да излегува преку надворешните ѕидови и ќе се рефлектира директно во вашата просторија.

Совет 2

Вториот совет е сличен на првиот. Ставете парче алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да е однадвор, па поставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Се разбира, страната со фолијата треба да гледа кон радијаторот.

И на овој начин на топлината се одбива од површината на фолијата и се враќа во вашиот дом, место да биде апсорбирана од ѕидовите.

Извор: kucnisavjetnik.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top