| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец во Феникс уби невооружен Афроамериканец

Полицаец застреал 34-годишен невооружен Афроамериканец во градот Феникс во Аризона сметајќи дека е наркодилер.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на 2 декември кога полицаецот го задржал Ремејн Брисбен и побарал од него да види што има во џебовите.
Откако допрел во еден од џебовите нешто што наликувало на пиштол, полицаецот кој е на возраст од 30 години пукал во Брисбен и го убил.
Во изјавата дадена во полицијата тој тврди дека тоа бил пиштол и дека животот му бил во опасност. По претрес на автомобилот на убиенот, татко на четири деца, биле наводно пронајдени марихуана и автоматски пиштол.
Стотици Афроамериканци вчера протестираа по улиците на Феникс поради полициската акција. Тие бараа да биде соопштено името на полицаецот и тој да биде изведен пред суд.
Инцидентот се случува во време на бран протести поврзани со убиства на други двајца невооружени црнци при слични полициски акции. И во двата случаја полицајците нема да одат на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top