| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ден на волонтерството

crven-krst

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе го одбележи Светскиот ден на волонтерството – 5 декември и на свеченост напладне во Музејот на македонската борба ќе додели волонтерски награди.

Покрај претставници од Црвениот крст и од Министерството за труд и социјална политика, ќе учествуваат и јавни личности како позитивни примери кои го практикуваат и поддржуваат волонтерството и хуманитарните активности.

Светскиот ден на волонтерството ќе го одбележат и невладините организации „Уметност на живеење Македонија“, „СУНА – Скопје“ и „Арт лајф“ преку „Коалиција Боите на животот“ со повик до заинтересирани граѓани и организации да се приклучат кон глобалната акција за волонтерство во разни сфери во општеството.

Тие организираат акција за донација на храна и засолнување на бездомни животни. Акцијата ќе почне во  16 часот на паркингот пред ТЦ „Рамстор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top