| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе ги чадорите, од денеска нов бран од врнежи

esen_dozd_cador_3

Нов бран на врнежи се очекува во петок. Но, врнежите ќе започнат околу пладне во западниот регион за потоа да имаат прогресија на ширење кон исток. Ноќта кон сабота ќе биде поврнежлива, со поинтензивен дожд во јужната половина од земјата.

Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 12°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и до 15°С. Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 9°С.

Во скопската котлина се очекува претежно облачно време претпладне, додека попладне, а особено навечер ќе биде врнежливо. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top