По англиската Премиер лига уште една од петте најсилни фудбалски лиги во Европа, германската Бундес лига се реши да ја воведе гол-технологијата на своите натпревари.
Видео надзорот на головите на стадионите низ Германија ќе биде поставен од почетокот на следната сезона.
Претседателот на Бундес лигата изјави дека 15 од 18. екипи се изјасниле позитивно за новата технологија со што е исполнет условот 2/3 од екипите да гласаат за новината на средбите, односно за користење на „соколовото око“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.