Русија верува во себе и во тоа дека многу може да се оствари, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на неговото обраќање кон Федералното собрание на Русија. Тој додаде дека политиката за зауздување на Русија не е смислена вчера, туку дека се користи секогаш кога некој смета дека земјата станала премногу самостојна.
– Со задоволство би не пуштиле нас да одиме по југословенското сценарио и да нѐ поделат на неколку дела. Но, тоа не се случи, не го дозволивме тоа – рече тој додавајќи дека Русија не го дозволи тоа ни во времето на Хитлер.
Путин им се заблагодари на Русите за поддршката и за солидарноста во моментите кога се решава иднината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.