Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски е нов тренер на Пелистер и ќе се обиде да го врати фудбалскиот клуб од Битола на победничките патеки.
Со него во новиот стручен штаб е и поранешниот Вардаров фудбалер Коки Аврамовски, а проектот ФК Пелистер ќе биде поткрепен со финансиска поддршка од градот Битола и фирмата Цермат.
За 2015 година неофицијално буџетот ќе биде над 500 илјади евра, а Пелистер ќе се засили со десетина фудбалери во зимскиот преоден рок со цел да се избори за настап во европските купови.
– Овој град, навивачите на Пелистер и самиот клуб секогаш биле дел од мене, па верувам дека сега заедно може да се впуштиме во еден нов успешен проект. Ќе се обидам да помогнам да се вратиме на патеките на успехот – изјави Хаџиевски на денешната промоција.
Пелистер по есенскиот дел има само 18 бода и е на осмата позција во конкуренција на 10 клуба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.