| четврток, 6 декември 2018 |

Топла лимонада за подобро здравје

­ Напитокот од топла вода со лимон има големи здравствени предности и е дел од ајурведската практика веќе подолго време. Ајурведската медицина уште во 1977 година е официјално прифатена од Светската здравствена организација како природен начин на лекување, а во Индија и некои делови на Азија се применува многу одамна.

Топлата вода го стимулира желудникот и работата на цревата, а лимонот го прочистува црниот дроб. Исто така, ѝ помага на желудечната киселина при варење на храната и отстранување на токсините.

Лимонот е извор на витамин Ц и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во превенција и лекување на настинка, додека аскорбинската киселина помага при апсорпција на железото и го подобрува имунитетот.

Лимонадата е природен диуретик, што значи дека помага и овозможува полесно исфрлање на токсините од телото.

Комбинацијата од лимон и топла вода помага за хидрација и зголемување на нивото на кислород во крвта, што овозможува поголема енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top