Рекламите од 60-тите и 70-тите години, денес би предизвикале огромно негодување заради сексизмот во нив. Слични реклами сепак се среќаваат и денес.
Видете 10 сексистички реклами од наши денови:
10. Фондација за донирање на органи од Белгија
Сликата на млада дама по долна облека со натпис „ Да донираш орган, најверојатно е единствениот начин да влезеш во неа“ е манифестација на прилично лош вкус.
9. Sony – Playstation Vita
Рекламирање слоган „Може да ја допирате и од двете страни“ за „PS Vita“, беше лансиран во 2011 година и покажуваше жена со гради напред и назад.
8. 42 Below – Stil Vodka
Во 2006 година, новозеландска компанија ги навреди русинките во светот, со својата кампања „Доби невеста од Русија“. Според рекламата руските жени се идеални, бидејќи немаат ништо против да гледаш крикет на денот на Св . Валентин, дали си низок или си дебел. Кампањата беше во форма на наградна игра, а победникот во неа заработи екскурзија до Москва, каде имал организирани средби со неомажени девојки.
7. Компанија за изнајмување на автомобили
Сексот и рекламите на автомобили секогаш оделе рака под рака. Оваа реклама сепак беше премногу скандалозна.
6. BMW – The Ultimate Attraction
Оваа реклама се појавува во 2002 година и не освои многу фанови.
5. Remy Martin
Компанијата продава луксузни алкохолни пијалоци. Оваа кампања на билборди покажуваше жени во различни сцени со врзани раце, синџири, оковани околу вратот и устата и други провокативни кадри.
4. Парфем Lamb
Рекламирањето на парфемот на Гвен Стефани,на крајот беше споредувана со порно филм, а слоганот „Те сакам насекаде по мене“ помагаше за тоа.
3. Накит Natan Jewelry : затворени / отворени нозе
Во 2002 година бразилска компанија за накит ја пушта оваа реклама , која јасно велеше дека жените ги затвораат и отвораат нозете за накит.
2. Nando’s
Рекламата покажуваше жена која има толку големи гради,што не успева да ги види компирите во чинијата. Таа беше забранета во САД. Во 2007 година, друга рекламна компанија постави рекрод за најмногу поплаки од гледачи. Во неа жена во танга танцува на столб, а потоа им служи храна на своите деца.
1. Dolce and Gabbana
Оваа реклама беше споредувана со сцена на групно силување, поради тоа што моделот ги држи рацете на жената, која е на земја, а во кадарот има уште неколку мажи околу двојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.