Македонскиот пливач Марко Блажевски урна уште еден рекорд стар над една деценија, а повторно се работи за резултат на Александар Маленко, овојпат во дисциплината 400 метри мешано. На Светското првенство во Катар во мали базени, Блажевски стигна на целта за време од 4 минути, 13 секунди и 4 стотинки, доволно за 25. место во конкуренција на 45 натпреварувачи. Патем тој го урна рекордот на Маленко стар 15 години.
Претходно, Блажевски урна уште еден македонски рекорд и тој во сопственост на Маленко на 200 слободно, стар две децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!
-
Дванаесет годишната Миа сруши државен рекорд во пливање