| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ сѐ почесто против Вучиќ: Претседателот настапува како опозициски премиер

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, во последниот период во јавноста изнесува ставови кои во целост се косат со актуелната политика на Александар Вучиќ.

Аналитичарот Милан Николиќ за српски „Курир“ вели дека премиерот ги добил изборите зборувајќи за борба против тајкуните, а шефот на државата се договара баш со нив.

Николиќ во интервју пред два дена на национоналната телевизија, поголемиот дел од времето го поминал изнесувајќи ставови кои во потполност се косат со актуелната политика на премиерот Вучиќ и потезите кои неговата Влада секојдневно ги прави.

Овој вид настап на Николиќ покажува дека шефот на државата наместо да му биде поддршка на премиерот, се претставува како опозициски премиер, оценуваат соговорниците на српски „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top