Самиот факт дека се смееш, значи дека си многу попривлечна на луѓето околу себе. Пеперутките во стомакот се гледаат и на твоето лице, а поради нив зрачиш со убавина која и во потполно досадно издание те прави многу привлечна.
Љубовта е многу убава работа, освен пт поради неа се чувстуваме поубаво одвнатре, некако и изгледаме подобро. Еве што се менува кај тебе кога ќе се вљубиш и зошто поради тоа си автоматски попривлечна.
Се смееш
Причината е сосема јасна, а самиот факт дека се смееш значи дека си многу попривлечна за околината околу тебе. Со насмевката ќе привлечеш и нови луѓе, нови пријатели, но и ќе го зајакнеш чувството на вљубеност.
Стоиш исправено
Самодовербата која во нас буди чувство на вљубеност ни помага да се држиме исправено и да одиме по светот со издигната глава, што има позитивен ефект на луѓето околу нас кои наеднаш имаат неопислива потреба да бидат во ваше друштво.
Изгледаш поубаво
Пеперутките во стомакот се гледаат и на твоето лице, а поради нив зрачиш со убавина која од потполно досадно издание те прави многу привлечна.
Опуштена си
Помалку размислуваш за лошите работи, па атвоматски и помалку ги перципираш страшните ситуација, што се гледа оддалеку.
Отворена си кон околината
Кога си вљубена имаш потреба да ги допираш луѓето, не само своето момче туку и другите луѓе со кои разговараш. На тој начин делуваш отворено и многу полесно склопуваш пријателства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.