| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 70 компании на саемот за вработување во Битола

саем

 Повеќе од 70 компании од различни дејности денеска ќе  ги претстават профилите на потребниот работен кадар на саемот за вработување во Битола.

Саемот, кој ќе се одржи во битолскиот театар од 11 до 14 часот,  е продолжение на активностите на Агенцијата за вработување за организирање средби на работодавачи и лица што бараат вработување. Ќе претставува можност невработените што бараат работа, но и тие што сакаат промена на работните места да ги споредат своите квалификации со потребите на пазарот и  да остварат почетни контакти со потенцијални работодавци.

Ќе се одржи и средба на претставници од институции и работодавци од Битола  на која ќе ги претстават своите идеи, предизвици и предлози, како и ставовите за новиот оперативен план за активни мерки и вработувања, кој ќе влезе во сила в година.

Досега се одржаа саеми за вработување во Скопје, Штип, Неготино, Струмица и во Охрид. Според обработените податоци на Агенцијата за вработување, досега се остварени контакти и се дадени 9.500 поднесоци, а со 2.500 лица работодавците најавиле дека ќе остварат интервјуа. Благодарение на саемите за вработување во Скопје, Штип и Неготино се вработиле околу 160 лица. Се очекува тој број да се зголеми по реализација на интервјуата и обработката на податоците и од саемите во Струмица и во Охрид.

До крајот на годината ќе биде одржан и Саем за вработување во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top