Меѓународните кредитори може да побараат нови мерки за штедење од Владата во Атина за да се компензираат отстапувањата во буџетот, кои на годишна основа само во оваа 2013 година ќе надминат три милијарди евра, соопштува локалниот сајт „њуз.ин“.
Претставници на тројката (Европска комисија, Европска централна банка и ММФ) веќе втора недела се во Атина и го инспектираат реализирањето на спогодбата за да може Грција да ја добие следната транша од 2,8 милијарди евра. Тие ја проверуваат реализацијата на буџетот во првите два месеца од годината. Се очекува тие да покажат значително заостанување во делот на буџетските приходи. Надминувањето на орочените долгови може да се покаже како клучно за реализацијата на буџетот, пишува уште грчкиот веб-сајт.
Кабинетот на премиерот Андонис Самарас се надева дека ќе успее да ги покрие буџетските отстапки и дека има планови и знае како да ги пополни дупките во буџетот. Во следните денови се очекува Министерството за труд да поднесе предлог-закон до грчкиот парламент, кој ќе предвидува дополнителни интервенции за буџетското штедење во вредност од 800 милиони евра.
Претставници на економскиот тим во кабинетот на Самарас изјавуваат дека поголем дел од разговорите меѓу владата и тројката, ЕК, ЕЦБ и ММФ, се веќе завршени и се надеваат дека нивната мисија во Атина ќе заврши пред четврток, а најдоцна петок. Премиерот Самарас уверува дека веќе нема да има нови мерки за штедење. Левата опозиција, меѓутоа, бара избори и предупреди дека ако пак има затегање на ремените, решението ќе го запали општеството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


