| четврток, 6 декември 2018 |

На пролет ќе се садат 1000 тропски влакнести палми!

Пристигнуваат илјада  палми од половина милион евра кои треба да бидат посадени во Скопје, Охрид, Струга, Дојран и Гевгелија, објавува порталот „Охриѓани“. На изборот на компании победила прекуокеанска фирма чие што име и точно потекло  јавното претпријатие „Македонски шуми“ го држи во строга тајност. Тропските егзотични дрва со огромна висина граѓаните ќе можат да ги видат во доцна пролет. Скопје ќе се закити со 160 примероци, а локациите допрва ќе се утврдуваат.  Директорот на македонски шуми кој е идеен предлагач и реализатор на проектот е цврсто уверен дека палмите ќе опстојат на македонската клима иако се набавуваат од тропски предели.

-Палми не стигнаа навреме за четиринаесетата акција ден на дрвото. На денешното садење дрва како и до сега учлествуваше речиси цела Влада . Премиерот Груевски садеше околку спортскиот објект „Јане Сандански“.Министерката за внатрешни работи Јанкуловска посади јавор пред „Фон“. На Вицепремиерот Зоран Ставревски кој посади украсно дрво во дворчето од педесетина квадрати залеленило зад објектот на минситерството за финансии му се придружија и околните соседи.  Целта на акцијата е да се засадат 350 илјади декоративни дрва во градска средина, велат организаторите на акцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top