| четврток, 6 декември 2018 |

Во Украина не е регистрирана радиоактивност по инцидентот во нуклеарка

ukraina

Францускиот институт за нуклеарна безбедност (ИРСН) соопшти денеска дека не регистриал невообичаена радиоактивност во Украина и додаде дека малиот инцидент во нуклеарната централа „Запорожшкаја“ во југоисточна Укрина, не претставува опасност за населението или за животната средина.

– Ние имама два сензора, поставени на покривот на француската амбасада во Киев, и амбасадата не сигнализираше за нешто невообичаено, рече претставник на ИРСН за Централна и Источна Европа. – Доколку имало хаварија, ние ќе знаевме, додаде тој.

Во нуклеарната централа „Запорожшкаја“ во југоисточна Укрина, во петокот се случил мал инцидент, по што реакторите биле исклучени, соопшти денеска украинскиот премиер Арсениј Јацењук на првата седница на неговата нова Влада. На седницата Јацењук побара извештај од украинскиот министер за енергетика Владимир Демчишин за случувањата во нуклеарката и за начините на кои одговорните се справиле со проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top