Холивудската ѕвезда Том Круз за малку ќе бил прегазен од автобус во Лондон. Сепак ова не е сцена од најновиот акционен филм, туку вистинска ситуација, предизвикана од крајната расеаност на актерот.
Круз е во британската престолнина за снимањето на „Невозможна мисија 5“. По завршувањето на снимањето, тој брзал, без да гледа, по една од најпрометните лондонски улици. Од едната страна се појавил голем црвен автобус. Ударот бил избегнат за влакно, откако актерот успеал да го види во последен момент и да се повлече. За негова среќа и возачот успеал навреме да го види и почнал да му свири. Така успеал да ги активира рефлекси на Том Круз.
Во петтата „Невозможна мисија“, Круз повторно ќе ја игра улогата на тајниот агент Итан Хант. Филмот се очекува да биде пуштен во кината за една година. Другите ѕвезди во „Невозможна мисија 5“ ќе бидат Џереми Ренер, Алек Болдвин, Ребека Фергусон и др.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.