Кога пензионираниот платен убиец, ќе биде принуден да се врати во акција поради бруталниот руски мафијаш, тој немилосрдно ќе се впушти во лов на својот противник. Неговата непопустливост е легендарна во светот на подземјето, а ние ќе сведочиме за неа во филмот „Џон Вик“, приказна за одмаздата и искупување.
По изненадната смрт на неговата жена, Џон Вик (Киану Ривс) го добива нејзиниот последен подарок – кученцето Дејзи и порака во која го моли да не заборави како е да бидеш сакан. Неговото оплакување завршува во моментот кога неговиот Мустанг од 1969 година му го привлекува вниманието на садистичкиот криминалец Џосеф Тарасов (Алфи Ален). Кога Џон ќе одбие да му го продаде автомобилот, Џозеф и неговите помошници насилно влегуваат во неговиот дом, го крадат автомобилот, го убиваат кучето и го претепуваат Џон. Но, не знаат дека го пробудиле еден од најбруталните убијци некогаш виден во светот на подземјето.
„Тонот на сценариото е субверзивен и многу забавен“, изјавува продуцентот Иванук. „Приказната му прилега на овој акционен филм, но во исто време е и многу емотивна. Тоа е приказна за маж кој ќе ја изгуби својата жена и чиј дом е уништен, автомобилот украден, а кучето убиено. Тоа може да му се случи секому. Мислам дека е навистина важно за секој акционен филм да има интересна приказна која се развива понатаму.“
Киану Ривс бил уверен дека креативното режисерско дуо е способно да осмисли и сними акциони сцени со Џон Вик најдобро од било кој друг: „Беше јасно од самиот почеток дека секој лик ќе биде незаборавен. Професионалците на овој жанр во дијалозите внесуваат хумор од стриповите, како и оригинален визуален идентитет. Имаат единствена визија за филмот. Покрај тоа, Стахелски поради своето искуство со кореографско каскадерските акробации е способен да раскаже добра приказна низ акција. Тој знае како да се подготви за снимањето и однапред да ја осмисли кореографијата, а во исто време да работи зад камерата и да ги решава продукциските проблеми.“
Оваа кино недела ќе ја погледнеме и комедија „Кажи кога“. Кира Најтли не воведува во нејзиниот навидум проблематичен живот.
Наоѓајќи се сред тинејџерска животна криза, Меган (Кира Најтли) паничи кога нејзиното момче и предлага брак. Таа одлучува да побегне од дома на една недела криејќи се во куќата на нејзината нова пријателка, 16-годишната Аника (Клои Грејс Морец), која живее со својот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.