Народниот театар во Битола, в четврток ќе биде домаќин на повеќе од 50 компании, кои ќе се претстават на Саемот за вработување, кој оваа недела ќе го посети град Битола.
Караванот, кој е во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија, продолжува во Битола, како би се дала можност на граѓаните, одблизу да се запознаат со понудата на работодавците во Република Македонија, и обратно, можност компаниите да имаат директен увид и средби со граѓаните, односно понудата на пазарот на труд.
На саемот ќе се обрати Директорот на Агенција за Вработување на Република Македонија, г-дин Влатко Поповски. Дополнително, во склоп на саемот свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички на истиот.
Саемот за вработување ќе се оддржи во 11:00, и ќе биде отворен за посетители се до 15:00 часот. Место на одржување е Народниот театар во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.