| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески:Ден на дрвото е добра акција за заштитата на животната средина

 

дрво

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска засади дрвца во населбата „Ново Лисиче“ во рамки на 14. акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“.

– Денеска во населбата во која живеам, во Ново Лисиче, засадив неколку дрва. Ова е една добра акција со цел да се поттикне заштитата на животната средина и да се засадат  што  е можно поголем број  дрва – изјави Јанакиески.

дрво 2

Со денешната акција, укажа, се предвидува да се засадат  пет милиони садници и во урбаните и во руралните средини, а исто така  и во заштитниот појас на автопатиштата на  Република Македонија.

Во садењето дрва покрај булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче  се приклучија раководители и вработени во повеќе институции и општини, како и ученици од основни и средни училишта.

Мотото на акцијата годинава е „Стоп за катастрофите“. Планираните пет милиони дрвца  треба бидат засадени на површина од 1.107 хектари. Главен акцент на пошумувањето ќе биде ставен на голи и опожарени површини.

За поголема масовност на акцијата Владата денешниот ден го прогласи за неработен, а општините организираат бесплатен превоз до локациите каде што ќе се раззеленува.

Акцијата „Ден на дрвото“ се реализира седма година. Почна во март 2008 година и досега се засадени околу 50 милиони дрвца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top