| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник од Драчево заработил 9 кривични во 2014 година

Триесет дена притвор заработи четиринаесетгодишно момче од Драчево под сомнение дека се обидел да изврши ешка кражба.

На 3 октоври приајвениот во куќа во Драчево со употреба на физичка сила и погоден предмет извадил една од решетките од металната врата со која дополнително била обезбедена балконската врата од кујната каде направил отвор, потоа со подесен алат делувал на крилото од балконската врата и успеал да ја отвори. Преку така отворената врата влегол во куќата со намера да изврши тешка кражба, но откако не пронашол ништо вредно што би можел да го украде, без да направи поголемо претурање се откажал од понатамошните намери и по истиот пат од каде што влегол ја напуштил куќата и заминал во непознат правец. Со ова причинил штета од 6.000 денари.

По преземени мерки и активности малолетникот е пронајден и лишен од слобода.

Според евиденции на Министерството за внатрешни работи, против 14 годишното лице во текот на 2014 година се поднесени 9 кривични пријави за извршени 14 кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top