| четврток, 6 декември 2018 |

Кедира доживеа потрес на мозокот

Фудбалерот за врска во Реал Мадрид, Сами Кедира доживеа потрес на мозокот на мечот против Корнеља, по што ноќта ја помина во локалната болница во Мадрид, пишуваат шпанските медиуми.

До инцидентот дошло кога Кедира се судрил со фудбалерот на Корнеља, Давид Гарсија на почетокот од вторите 45 минути од натпреварот.

– По прегледот кој го направи лекарскиот тим на Реал, било утврдено дека Сами Кедира доживеал потрес на мозокот. Поради тоа е задржан во болница во текот на ноќта – соопштија од „кралскиот“ клуб.

Реал натпреварот со Корнеља го доби со 5-0, со вкупен резултат 9-1 помина во осминафиналето на Кралскиот куп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top