Силниот ветер и замрзнатиот дожд и натаму прават сериозни проблеми во Србија. И понатаму најтешка е ситуацијата во Мајданпек и во околината, каде што нема струја веќе трет ден. Во градот нема вода и греење.
РТС јавува дека властите најавиле евакуација на граѓаните, доколку ни денеска градот не добие струја. Температурата се движи под нулата, а замрзнатиот дожд преминал во снег. Утринава проработиле фиксните телефони и мрежата на еден мобилен оператор, а локалните власти размислуваат за воведување на вонредна состојба.
Извршниот директор за пренос на електрична енергија во ЕМС Небојша Петровиќ најавил дека ќе биде применета нова практика за жителите на Мајданпек да добијат струја.
– Дел од 400 киловатната мрежа ќе биде употребен да работи во 110-киловатен напон, што значи дека денеска меѓу 12 и 13 часот градот треба да добие струја – оптимистички најавува Петровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.