| четврток, 6 декември 2018 |

Мајданпек окован со мраз, се подготвува евакуација на целиот град

струјаСилниот ветер и замрзнатиот дожд и натаму прават сериозни проблеми во Србија. И понатаму најтешка е ситуацијата во Мајданпек и во околината, каде што нема струја веќе трет ден. Во градот нема вода и греење.

РТС јавува дека властите најавиле евакуација на граѓаните, доколку ни денеска градот не добие струја. Температурата се движи под нулата, а замрзнатиот дожд преминал во снег. Утринава проработиле фиксните телефони и мрежата на еден мобилен оператор, а локалните власти размислуваат за воведување на вонредна состојба.

544969_majdanpek--01--foto-i-popovic_f

Извршниот директор за пренос на електрична енергија во ЕМС Небојша Петровиќ најавил дека ќе биде применета нова практика за жителите на Мајданпек да добијат струја.

– Дел од 400 киловатната мрежа ќе биде употребен да работи во 110-киловатен напон, што значи дека денеска меѓу 12 и 13 часот градот треба да добие струја – оптимистички најавува Петровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top