| четврток, 6 декември 2018 |

Повредена жена во сообраќајка на автопатот Градско-Велес

­ Едно лице е повредено во сообраќајна незгода што вечерва се случила на автопатот Градско ­ Велес, после наплатната рампа.
Незгодата, според полицијата, се случила околу 19 часот, а повредената жена со возило на итна медицинска помош е пренесена во Велешката градска болница.

Според првичните инфомации, возилото со кое се возела жената и нејзиниот сопруг сакајќи да избегне одрон од карпа поради лизгавоста на патот, удрило во банкините. Повредената е надвор од животна опасност.

На лице место во моментов е екипа на СВР Велес, која работи на утвдување на причините за сообраќајната несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top