Нуркачите од рускиот град Иркутск, на истокот на Сибир, планираат да изградат камбана на дното на Бајкалското Езеро, најголемо слатководно езеро на светот, рече шефот на локалната подводна истражувачка група, Игор Канајев.
Сакаме да го свртиме вниманието на проблемите со животната средина во врска со Бајкал и да ги потсетиме туристите оти ова место е свето, рече Канајев.
Тој истакна дека групата нуркачи веќе спуштиле на дното на езерото дрвена градба и камбана заради проверка на звукот. Според него, звукот е чист и може да се слушне на далечина повеќе од 40 метри.
Капелата ќе биде изградена од потопени трупци на длабочина од 10 до 12 метри за да можат нуркачите аматери да уживаат во ѕвонењето на камбаната под вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст