| четврток, 6 декември 2018 |

Kамбана на дното на Бајкалското Езеро

Нуркачите од рускиот град Иркутск, на истокот на Сибир, планираат да изградат камбана на дното на Бајкалското Езеро, најголемо слатководно езеро на светот, рече шефот на локалната подводна истражувачка група, Игор Канајев.
­

Сакаме да го свртиме вниманието на проблемите со животната средина во врска со Бајкал и да ги потсетиме туристите оти ова место е свето, рече Канајев.

Тој истакна дека групата нуркачи веќе спуштиле на дното на езерото дрвена градба и камбана заради проверка на звукот. Според него, звукот е чист и може да се слушне на далечина повеќе од 40 метри.

Капелата ќе биде изградена од потопени трупци на длабочина од 10 до 12 метри за да можат нуркачите аматери да уживаат во ѕвонењето на камбаната под вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top