| четврток, 6 декември 2018 |

Луксузна награда доколку сте популарни на „Фејсбук“ или на „Инстаграм“

1(865)

Веројатно не сте ни претпоставувале дека ако сте популарни во социјалните медиуми, тоа може да ви донесе некои предности. Но, очигледно овој тип популарност може да ви се исплати добро.

Луксузен хотел во Шведска нуди бесплатен престој на гости кои се популарни на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. Хотелот „Нордик лајт“ во Стокхолм неодамна најави дека ќе прифаќа „социјална валута“ наместо кеш.

3(868) (1)

Каде е финтата?

Станува збор за навистина сериозни бројки. Треба да имате најмалку 2.000 пријатели на „Фејсбук“, 100.000 фанови на „Фејсбук“ или 100.000 следбеници на „Инстаграм“ за да добите бесплатно седум ноќевања во хотелот, во кој една ноќ чини 360 долари.

Зошто имаат потреба да бидат толку великодушни?

Бидејќи ќе ви создадат малку работа од маркетиншка природа.Во замена за бесплатните услуги, хотелот ќе го користи вашиот висок статус на социјалните мрежи. Ако сте популарен на „Фејсбук“, треба да споделите еден пост за хотелот, кога ја правите резервацијата, еден при сместување и еден во моментот на напуштањето. Освен тоа, треба да ја лајкнете страницата на хотелот и да се тагнете од него при сместување и напуштање.

Ако сте популарен на Инстаграм, треба да споделите еден пост кога ќе ја правите резервација, еден при сместување и еден во моментот на напуштањето. Ќе треба да користите ознака #nordiclighthotel во мислењата и маркер Nordic Light Hotel кога сте во хотелот.

А што ќе се случи ако не успеете да направите нешто од наведеното?

Ќе мора да го платите целосниот износ за престојот. Сепак, што се неколку споделување на социјалните мрежи, во замена за 7 ноќевања во еден од најлуксузните хотели во Стокхолм?

Според Маркус Мажевски, извршен директор на хотелот, нема ништо чудно во тоа што хотелот ги смета социјалните медиумски публикации за форма на „валута“, бидејќи тие се нудат во услугата на хотелот.

2(920)

– Горд сум што ние сме првиот хотел во скандинавскиот регион кој ја предлага таа валута – вели тој. Тоа е доста креативен начин да добиете бесплатна реклама и се надеваме на повеќе посетители, кои се популарни социјални личности – посочуваат од управата на хотелот.

Дури и да немате доволно следбеници за да заработите бесплатен престој, вие сепак можете да ги искористите предностите на попуст во хотелот. 500 – 1 500 пријатели на „Фејсбук“ ќе ви заработат попуст помеѓу 5-15 %, а ако имате 5 000 – 15 000 следбеници на „Инстаграм“, ќе се радувате на истиот попуст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top