
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со Нгујен Ти Доан, заменик-претседател на Социјалистичка Република Виетнам.
Средбата ќе се одржи во просториите на Владата на Република Македонија, со почеток во 12.35 часот.
По средбата ќе следува потпишување на Договорот за економска соработка помеѓу двете земји, кој ќе биде потпишан од Беким Незири, министер за економија на Република Македонија, и До Танг Хаи, заменик-министер за индустрија и трговија на Социјалистичка Република Виетнам.
Во рамките на настанот ќе биде потпишана и Спогодбата за укинување на визи за носители на дипломатските и службените патни исправи, која ќе ја потпишат Драгана Кипријановска, заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија, и Ву Хонг Нам, заменик-министер за надворешни работи на Социјалистичка Република Виетнам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


