| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќните оброци се штетни

­ Експериментите спроведени врз животни покажуваат дека внесувањето храна во времето предвидено за спиење има исклучително негативно влијание врз помнењето.

Истражувачите од Универзитетот „Калифорнија“ додаваат дека оваа појава била присутна и кај животни на кои не им недостигало сон.

Тестираните животни не внесувале генерално поголема количина храна, ниту кај нив дошло до зголемување на телесната маса.

Според научниците, таквите нарушувања на т.н. внатрешен часовник на организмот и воочените последици може да се применат и на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top