Oблачно, локално низ котлините и магливо време се очекува во вторник. Повремено, особено во западниот регион на Македонија, се очекуваат релативно слаби врнежи од дожд. Продолжува и понатаму трендот на релативно топло време.
Според „Метеопро“, максималната температура во Македонија ќе има вредност 11 Целзиусови степени низ поголем дел од котлините. Топло ќе биде и на повиските места, каде што максималната температура ќе има вредност 9 Целзиусови степени.
Во Скопската Котлина се очекува облачно и повремено магливо време. Периодичен дожд се очекува во градот. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 10 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.