| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Привремено запрена помошта во храна за 1,7 милиона сириски бегалци

ОН

Светската програма на ОН за прехрана денеска ја информира јавноста дека привремено ја прекинува помошта во прехранбени производи за 1,7 милиона сириски бегалци во Јордан, Либан, Турција, Ирак и Египет, пренесоа светските агенции.

Програмата за прехрана (агенција на ОН) со седиште во Рим, појасни дека била принудена да го направи овој чекор заради недостигот од финансиски средства.

Досега бегалците во гореспоменатите земји од Светската програма за прехрана добиваа ваучери со кои си купуваа прехранбени производи во локалните продавници.

-Суспендирањето на оваа помош во храна на ризик ќе ги изложи здравјето и безбедноста на овие бегалци и може да предизвика тензии, нестабилност и небезбедност во земјите кои ги прифатиле – изјави Ертарин Кузен, директорка на програмата на ОН.

Таа упати повик до меѓународната задница под итно да обезбеди 64 милиони долари, за да може во декември да им се помогне на сириските бегалци во соседните земји на Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top