| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО: Турција да се придружи кон санкциите на ЕУ за Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја повика Турција да се придружи кон економските санкции на Европската унија кон Русија.

Апелот до Турција беше упатен на денот кога Русија и Турција треба да разговараат за зголемување на стоковната размена од сегашните 33 милијарди до 100 милијарди долари во 2020 година.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во посета на Анкара.

– Се разбира дека побарав колку што е можно повеќе држави да ги поддржат санкциите воведени од ЕУ и од САД. Сметам дека треба да има последици кога една земја е одговорна за агресивни акции, какви што гледаме во Украина – изјави Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top