Трети декември е Меѓународен ден на лицата со спреченост, а годинешната тема на овој ден е: „Оддржлив развој – Ветувања на технологијата“. Центарот за Даунов синдром оваа година ќе го одбележи овој ден со промоција на филмот „Најдолгите три секунди“ во Кинотека на Македонија во 17.30 часот. Филмот е на Ефтим Трајчов Ѓаурски, а во главна улога е Гоце Маринковски, 21-годишно момче со Даунов синдром, кое живее во Штип и сонува да се вработи во штипскиот театар.
Главниот лик во само три секунди на клиничка смрт сфаќа дека самиот ја предизвикал оваа состојба на одделување на душата од телото и решава да се врати назад поради неизмерната љубов на неговата мајка кон него. Нејзините емоции над неговото бездушно тело успеваат да му ја вртат душата назад од каде што и излегла. Во тоа кратко време целиот живот му поминува како на филмска лента , а тој беспомошно гледа. Ова е филм што зборува за неколку аспекти од животот на лицата со Даунов синдром во нашата средина денес, како и односот на другите луѓе кон нив и суровоста со која многумина секојдневно се соочуваат.
По проекцијата на краткиот филм, следи разгово со Ефтим Трајчов Ѓаурски и Гоце Маринковски. Потоа следи проекција на германскиот филм „46/47“, по која ќе има дебата.
Фотографиите што беа за првпат изложени на 21 март, Светскиот ден на Даунов синдром, ќе бидат дел од настанот. Тие се дела на професионалните фотографи: Драган Гајиќ, Маја Аргакијева, Лидија Најдовска и Маја Јаневска-Илиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Уште музика и муабети“ од Ненад Георгиевски
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија