| четврток, 6 декември 2018 |

Гордон Браун се повлече од британскиот Долен Дом

_79421994_023936254-1Поранешниот британски премиер Гордон Браун се повлекува од пратеничката функција, по речиси 32 години минати како член на Долниот Дом на Парламентот. Браун е пратеник на Лабуристичката партија од изборната единица Кикалди и Кауденбит во Шкотска, каде што најчесто и престојува откако пред 4,5 години замина од Даунинг стрит 10.

Тој беше министер за финансии од 1997 до 2007 година во неколкуте влади на тогашниот премиер Тони Блер. Неговиот десетгодишен стаж во најжешката министерска функција во британската влада го прави да биде сметан како еден од најуспешните во поновата британска историја. За британски премиер беше назначен во 2007 година по повлекувањето на Блер на средината од неговиот трет едно по друго премиерски мандат, без да има противкандидат за лидерската функција на лабуристите.

_79421990_79421989На изборите во мај 2010 година, Браун и неговите лабуристи претрпеја пораз, што се смета за еден од најтешките на оваа левоцентристичка партија по 1983 година, па премиерот кој три години го отслужуваше до крај третиот мандат на Блер, не успеа да ја добие и довербата на британските гласачи. Браун поднесе оставка од лидерската функција во партијата, а потоа одби да се вклучи во изборот на нов лидер, дистанцирајќи се од сите предложени кандидати за негов наследник. Подоцна се определи за самоизолација од домашната политика, иако остана пратеник.

Повлекувањето на Браун не претставува изненадување за британската политичка јавностзатоа што изминатите години од овој пратенички мандат мошне ретко влегуваше во Вестминстер, малку присуствуваше на парламентарните седници, а во некоја од дебатите учествувал само три пати. Најглемиот дел од времето го минува како специјален пратеник на ОН за образование и држејќи предавања низ светот.

Иако надвор од политиката, тој имаше голем удел во кампањата против отцепувањето на Шкотска на референдумот од 18 септември затоа што имаше и сѐ уште има голем углед кај шкотските гласачи на Лабуристичката партија. Минатиот месец се зборуваше дека тој е еден од кандидатите за нов лидер на оваа партија во Шкотска, но тој самиот се дистанцираше од лидерската трка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top