| четврток, 6 декември 2018 |

70 жртви во две експлозии во Нигерија

_79418092_79418091Две бомби експлодираа денеска на пазар во североисточниот нигериски град Мајдугури, откако минатата недела две жени се кренале во воздух и притоа го одзедоа животот на околу 70 лица, пренесоа светските агенции. Првичните претпоставки се дека и во овој нов напад има десетици ранети и убиени.

Очевидци раскажуваат дека виделе раскрвавени тела и луѓе со откинати екстремитети, посочуваат американските медиуми. На местото на инцидентот веќе интервенираат медицински екипи. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Нигериските власти засега не ја посочувата точната бројка на ранети и на убиени, забележува ДПА.

_79424207_nigeria_damaturu_maiduguri_464Според првичните информации, лиферувани од нигериската полиција, жена на околу 40-годишна возраст, се доближила до тезга со пилиња на пазарот, но војници, кои се наоѓале во непосредна близина, и побарале да и го проверат багажот. Жената ја одбила наредбата и тогаш ја активирала бомбата, што ја носела со себе, пренесоа француските медиуми. Веднаш по првата експлозија пазарот бил потресен од втора експлозија. Нападот е извршен на пазарен ден за да има што е можно поголем број жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top