Во најдобрите стриптиз клубови, коверт за една вечер чини околу 100 долари, а ВИП сепаре многу повеќе. Сепак тие уживаат голема популарност. Погледнете 10 од најпознатите стриптиз барови во светот. Надвор од рангирањето, но стриптиз барови кои сепак заслужуваат да бидат спомнати се: „K5 Relax Club во Прага“, „Scores“ во Њујорк, „Temptations“ во Бристол, „Spearmint Rhino“ во Лас Вегас и „Seventh Heaven“ во Токио.
Еве ги топ 10-те стриптиз барови во светот:
10. „4Play Gentlemen’s Club“ во Лос Анџелес
Многу силикон и русокоси девојки. Клубот се рекламира нудејќи шоу во кое девојките целосно се соблекуваат. Пијалок чини 10 долари.
9. „Night Flight“ во Москва
Клубот се наоѓа во близина на Црвениот плоштад и има 23 годишна историја. Тоа е едно од местата со најдобра храна во Москва. Стриптизетите се многу убави и танцуваат на балкони над масите.
8. Mary’s Club – Портланд, Орегон
Портланд има голем број стриптиз барови, што се објаснува со фактот дека е пристаниште. Овој клуб е основан во 1954 година. Ќерката на основачот Рон Келер е барменка, а неговата внука се појавува на сцената.
7. „2001 Odyssey“во Тампа, Флорида
Тука девојките целосно се соблекуваат. Клубот е многу мал и во него еден лап денс чини само 25 долари.
6. „Le Crazy Horse“во Париз
Тука стриптизетите можат да се пофалат дека се вистински танчерки. Тие ја почитуваат кореографија, во шоуто има многу изведувачки ефекти. Местото е омилено за азиските бизнисмени. Коверт за Нова Година чини 200 долари.
5. „Playhouse“ – Варшава
Тој е на три ката и еден од најимпресивните во Варшава. Постојат 4 бара. Претежно се пие шампанско и коктели.
4. „Chippendales“во Лас Вегас, Невада
Не сите клубови во листата се за мажи. Овој е за жени и нуди машки стриптиз.
3. „Larry Flynt’s Hustler Club“ во Њујорк
Девојките во овој бар се многу убави, што е очекувано од компанијата која стои зад „Hustler Magazine“. Има ВИП сепариња за најпребирливите клиенти.
2. „The Lodge“ во Далас, Тексас
Девојките танцуваат, изведуваат акробатски точки и се разбира се соблекуваат. Понекогаш во шоуто се вклучуваат и оган, живи змии и други ефекти. Хауард Стерн еднаш бил забележан тука.
1. „Penthouse Club“ во Њу Орлеанс
Кон него има и одличен ресторан, во случај тоа да не ве интересира барот. Една од најимпресивните точки е онаа кога девојките се капат во голем стаклен сад со вода и пена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.