Во секој хорор-филм има по еден што, наместо на излезната врата, трча по скалите, потоа таков што веднаш сфаќа кој е убиецот, но има и по една личност што преживува до самиот крај. Која улога му е доделена на вашиот хороскопски знак, прочитајте во „хорор“ хороскопот…
Овен прв гине затоа што е доволно храбар да провери кој се мота околу куќата.
Бик е тој што се враќа во куќата на крајот на филмот и ги наоѓа сите останати мртви.
Близнак главно го надмудрува убиецот и му поставува замки.
Рак ќе го препознаете така што во секој филм трча по скалите нагоре наместо на излезната врата.
Лав е тој што се обидува да го возврати ударот на убиецот и на крај завршува неславно.
Девица обично во секој филм се жртвува за да останатите преживеат.
Вага им зборува на сите да се смират додека и самата таа доживува напад на паника.
Шкорпија веднаш сфаќа кој е убиецот.
Стрелец е тој што тајно му помага на убиецот.
Јарецот е смирен лик кој доживеал нервен слом, па тргнал да убива.
Водолија е единствениот човек што преживува до крај.
Риба е обично онаа згодна русокоса која вреска на секој шум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.