| четврток, 6 декември 2018 |

ХОРОРскоп: Знаците во улоги во хорор-филм

Во секој хорор-филм има по еден  што, наместо на излезната врата, трча по скалите, потоа таков што веднаш сфаќа кој е убиецот, но има и по една личност што преживува до самиот крај. Која улога му е доделена на вашиот хороскопски знак, прочитајте во „хорор“ хороскопот…

horor

Овен прв гине затоа што е доволно храбар да провери кој се мота околу куќата.

Бик е тој што се враќа во куќата на крајот на филмот и ги наоѓа сите останати мртви.

Близнак главно го надмудрува убиецот и му поставува замки.

Рак ќе го препознаете така што во секој филм трча по скалите нагоре наместо на излезната врата.

Лав е тој што се обидува да го возврати ударот на убиецот и на крај завршува неславно.

Девица обично во секој филм се жртвува за да останатите преживеат.

Вага им зборува на сите да се смират додека и самата таа доживува напад на паника.

Шкорпија веднаш сфаќа кој е убиецот.

Стрелец е тој што тајно му помага на убиецот.

Јарецот е смирен лик кој доживеал нервен слом, па тргнал да убива.

Водолија е единствениот човек што преживува до крај.

Риба е обично онаа згодна русокоса која вреска на секој шум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top