Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 денaри по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно денешната одлука, од полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе биде 70 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98, 71,5 денари по литар.
Новата цена по која од полноќ ќе се точи литар дизел гориво ќе изнесува 60 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 48,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 денар за килограм и ќе изнесува 30,866 денари за килограм.
Ова е најниската цена на дизел горивото во последните неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.