| четврток, 6 декември 2018 |

Родендените што завршуваат на 9 ни го менуваат животот

Доколку ви се ближи роденден што завршува на 9, подгответе се за малку повеќе размислување од обично.

Психолозите од Универзитетот во Калифорнија се обидоа да добијат одговор на прашањето кои родендени навистина се важни.

Резултатите покажале дека се работи за тие што настапуваат една година пред влегувањето во нова деценија, на пример 29, 39, 49 и така натаму.

Деветата година во деценијата се покажала одлучувачка за промени во животот, па така луѓето често се одлучуваат на измами, трчање маратон, промена на изгледот или дури и на самоубиство бидејќи во човековата природа е да се тргне во нова потрага кога се затвора едно поглавје, а се отвора друго.

Имено, триесеттиот, четириесеттиот и педесеттиот роденден звучат поважно од другите и токму тие имаат најголемо влијание врз психата на човекот, бидејќи јубилејните родендени се многу моќен мотиватор, велат психолозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top