Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 30 сообраќајни незгоди.
Во петокот, на 28 ноември, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден возач на товарно моторно возило и еден патник во автобус.
Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист, а со телесни повреди се здобил еден сопатник во патничко моторно возило.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во сабота, на 29 ноември, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден велосипедист.
Се случиле и две незгоди со последица тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден пешак.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгоди со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во недела, 30 ноември, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден возач на трицикл.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени се и санкционирани 33 возачи што ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 33 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 14 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и шест возачи што не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Во текот на трите дена со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 94 возила што го спречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Стив Наумов“ кое се наоѓа во населбата Автокоманда на територијата на општина Гази Баба со учениците од четврто одделение.
Денеска во официјалната посета на Република Македонија ќе пристигне заменик-претседателот на Социјалистичка Република Виетнам, кој ќе пристигне во попладневни часови, околу 16 часот и 30 минути, на граничниот премин „Деве Баир“ од каде што ќе се упати према Скопје. За време на движењето на колоната возила под придружба низ сообраќајниците на Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници. Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници да бидат трпеливи, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.