Мухамед е најчестото име меѓу новородените момчиња во Велика Британија оваа година, пишува лондонски „Дејли мејл“. Изданието ги објавува десетте најпопуларни имиња меѓу бебињата родени во 2014 година.
Кај новороденчињата претставници на машкиот пол, по името на основачот на исламот Мухамед, по популарност се рангираат Оливер, Џек, Ноа, Џејкоб, Чарли, Хари, Џошуа, Џејмс и Итан.
Најпопуларно име меѓу девојчињата е Софија. На останатите девет позиции се Емили, Лили, Оливија, Амелија, Исла, Изабела, Ава, Софи и Клои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.