| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје ќе добие црковен мини-град

crkva-1-500

Македонска црква “Свето Преображение” ќе се издигне во скопската населба Железара, Општина Гази Баба. Црквата со конаците ќе се простира на градежна парцела од 6.228 метри квадратни со вкупна градежна површина од 4.500м2. Храмот ќе биде во руски стил со две позлатени турбиња и камбанарија со девет камбани висока 30 метри.

crkva-500
Црквата “Свето Преображение” ќе претставува единствен црковен комплекс од ваков вид во Македонија, затоа што во конаците ќе бидат сместени старски дом, детска градинка, центар за дневен престој на стари, центар за дневен престој на деца со игротека, амбуланта, хотел, кујна, ресторан, млечен ресторан, сувенирница, резиденција на скопскиот викарен епископ, дом на руската култура, фонтана и споменик на упокоените Руси во Македонија од 1917 година.

Црковниот комплекс ќе располага и со повеќе игралишта.
Камен-темелник на црквата и конаците ќе се постави штом ќе се издаде одобрението за градење од општина Гази Баба. Црквата и конаците ќе ги гради Македонската православна црква, но секако ќе помогнат и верниците со донации според можностите, за што Иницијативниот одбор ќе спроведе широка кампања меѓу жителите и верниците во оваа населба и пошироко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top