На еден од протестите кој ескалираа во Америка поради убиството на афроамерикански тинејџер од страна на полицаец и пресудата со која судот одлучи дека полицаецот не е виновен, еден млад фотограф правејќи фотографии од настанот го забележал 12-годишниот Девонте Харт.
Момчето околу својот врат носело порака за бесплани прегратки и било прилично емотивно, па фотографот решил да остане во близина на Девонте, иако имало многу што да се фотографира.
Тој го следел момчето низ толпата и забележал како еден полицаец погледнал во знакот на Девонте и го запрашал „Може ли да добијам едно од тие? И тогаш двајцата силно се прегрнале.
Оваа фотографија ја покажува моќта на љубовта и сочувствувањето напишал младиот фотограф на Инстаграм.
После гушкањето секој заминал на своја страна – полицаецот да ја извршува својата работа, а момчето се изгубило во толпата што протестира.
Извор: Тајм
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.