Директорот на средното училиште во Марибор, Словенија, кого учениците тајно го снимиле со мобилен телефон додека орално ја задоволувал наставничката по математика, извршил самоубиство по објавувањето на снимките на интернет и откако цела седмица беше насловна тема на домашните но и медиумите во регионот, објави тамошната полиција.
Полицијата го потврдила трагичниот настан без коментар, што е вообичаено за случаите на самоубиство, пренесуваат словенечките медиуми во саботата навечер.
Претседателот на здружението на словенечките директори во образованието, Милан Рејец, изјави за телевизијата POP-ТV дека директорот на средното машинско училиште во Марибор очигледно бил скршен психички под големиот притисок, и изрази сочувство до неговото семејство.
Директорот зад себе остави сопруга, син и ќерка.
Веднаш откако инкриминирачката снимка беше објавена на интернет, директорот случајот го пријави во полицијата и наводно заедно со партнерката тврделе дека снимката е монтирана.
Полицијата не ги објави резултатите од досегашната истрага, а се’ уште не се откриени лицата кои снимката ја поставиле на интернет.
Мариборскиот случај поттикна многу расправи за правилата за објавување материјали на интернет, како и за заштита на приватноста, за етичките норми, како и за односот меѓу наставникот и учениците во образовните институции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.