Последниот натпревар од денешната програма од 13.коло од Премиер лигата меѓу Сандерленд и Челзи заврши без голови 0:0. Ова воедно беше и единствениот натпревар без гол. За лидерот на табелата Челзи ова е трето реми и тие се единствената екипа без пораз.
Конечно во оваа рунда Ливерпул ја прекина серијата од три порази и на домашен терен го совлада Стоук.
Резултати на денешните натпревари: ВБА – Арсенал 0:1, Барнли – Астон Вила 1:1, Ливерпул – Стоук 1:0, Манчестер Јунајтед – Хал 3:0, КПР – Лестер 3:2, Свонси – Кристал Палас 1:1, Вест Хем – Њукасл 1:0 и Сандерленд – Челзи .
Утре се играат дуелите: Саутемптон – Манчестер Сити и Тотенхем – Евертон.
Табела: Челзи 3 бодови, Саутемптон 26, Манчестер Сити 24, Манчестер Јунајтед 22, Вест Хем 21, Арсенал 20,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз