| четврток, 6 декември 2018 |

Нов инцидент: Момче избодено со нож на плоштадот „Скендер бег“

Ф.И. (20) од Скопје вчера попладне околу 18.30 часот кај паркингот „Скендер бег“ бил физички нападнат од неколку непознати машки лица.

Непознатите лица со палки му задале неколку удари по телото, а две од нив со нож му нанеле неколку убодни рани во пределот на грбот. По здобиените повреди Ф.И. отишол дома со автобус по што домашните го пренеле во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани неколку убодни рани.

По укажаната лекарска помош е задржан на лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top