Папата Франциско, кој се наоѓа во тродневна посета на Турција, денеска, при посетата на една од најзначајните џамии во Истанбул султан Ахмет (Сина џамија) ја наведна главата и ги собрата рацете под градите и така стоеше две минути, молејќи се во тишина.
По примерот на својот претходник, папата Бенедикт 16., кој ја посети Турција во 2006 година, Франциско се помоли покрај големиот истанбулски муфтија Рахми Јарам, кој ги сврте дланките во правец на небото за време на муслиманската молитва во Сината џамија, изградена во 17. век.
Папата ќе ја посети и Аја Софија, која била главна византиска црква во Константинопол (денешен Истанбул) пред да биде претворена во џамија кога муслиманите го освоиле градот во 1453 година.
Неколку десетици луѓе се собраа пред Аја Софија со знамиња на Турција и Светата столица, а еден човек носеше транспарент „Ти си Петар“. Папата, кој вчера имаше средби со турските лидери во Анкара, апелираше на муслиманските поглавари да го осудат „варварското насилство“ кои во името на исламот се спроведува над верските малцинства во Ирак и Сирија.
Папата Франциско денеска ќе разговара и со православниот патријарх Вартоломеј, што е и вистинската причина за неговата посета на Турција. Православната и католичката црква, на чие чело се наоѓаат Вартоломеј и Франциско, се разделија во 1054 година поради несогласувања. Двајцата духовни лидери ќе учествуваат во екуменска литургија и ќе потпишат заедничка декларација.
Папата е апсолутен поглавар на Католичката црква, но помирувањето го отежнува фактот што Вартоломеј е само симбоичен челник на православниот свет и не може да ја наметне својата волја на поглаварите на десетици автокефални православни цркви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск во мај, 2019 ќе ја посети Македонија
-
Папата со критики за телевизиската дебата Макрон – Ле Пен: Тие фрлаа камења, не чекаа другиот да заврши
-
Македонска делегација на церемонијата на канонизација на Мајка Тереза
-
Папата Франциск ќе потпише декрет со кој Мајка Тереза ќе биде канонизирана


