
Цената на нафтата на светските берзи и денеска продолжи да паѓа, откако земјите-извознички на нафта на состанокот на ОПЕК во Виена не се договорија да го намалт дневното производство на овој енергенс.
Нафтата денеска достигна нов рекорден минимум, односно нејзината цена падна под 70 долари за барел. Барел американска „лесна“ нафта за испорака во јанаури на меркантилната берза во Њујорк поевтини до 68,08 долари, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ за јануарска испорака на берзата во Лондон се продаваше за 71,27 долари.
Цените на нафтата од јуни паднаа за една третина, а ОПК на состанокот вчера сепак одлучи да го задржи актуелното ниво на производство од 30 милиони барели на ден.
„Одлуката на ОПЕК да го задржи постојното ниво на производство е главна причина која се крие зад брзиот пад на цената на нафтата. Цените веројатно ќе продолжат да паѓаат до крајот на годината“, вели аналитичарот на сингапурската компанија „Филип фјучерс“, Даниел Анг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


